Post Job Free
Sign in

Сметководител/ка

Company:
SOS Children's Villages International
Location:
Skopje, Republic of North Macedonia
Posted:
July 14, 2025
Apply

Description:

СОС Детско село е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Организацијата делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

СОС Детско село објавува оглас за вработување на 1 (едно) работно место на следната позиција:

Сметководител/ка

(замена за породилно отсуство)

Локација: ул. Ристо Шишков, 31 Скопје Времетраење на ангажманот: 1 година (замена) Рок на аплицирање: 27.07.2025

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:

Водење на дневни сметководствени операции и книжења во согласност со законската регулатива и интерните политики

Извршување на електронски плаќања

Комуникација и координација со главниот сметководител и финансискиот тим

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

Високо образование од областа на економија, финансии, банкарство, ревизија, бизнис или менаџмент

Поседување лиценца за сметководител/ка или овластен сметководител/ка

Претходно искуство во сметководствено работење

Активно познавање на англиски јазик

Одлично користење на MS Office (Excel, Word, PowerPoint) и системи за електронско плаќање

Познавање и искуство со сметководствениот софтвер D365 ќе се смета за предност

ЛИЧНИ ВЕШТИНИ:

Проактивен пристап кон работата

Прецизност и аналитичност

Способност за работа во к атки рокови

Лојалност кон работата и организацијата

ШТО НУДИМЕ:

Работа во меѓународна организација со силна мисија и вредности

Поддржувачка и професионална работна средина

Можност за стручно усовршување (КПУ и континуирани интерни обуки)

Вработување на определено време со можност за продолжување

1 ден во неделата – работа од дома

Аплицирај најдоцна до 27.07.2025

Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!

Ниту едно дете не треба да расте само!

Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.

Limited Full-Time

Apply